Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Косово синоќа соопшти дека вонредни избори во четири северни општини се одржале во согласност со уставните и законските одредби на Косово. Од Амбасадата изразија жалење што сите партии не го искористија правото да учествуваат.
Американската амбасада додаде дека ја поддржува „различната, инклузивна и мултиетничка демократија во Косово и изборите што ја поддржуваат“.
„Гласањето е критична слобода на демократските општества“, се наведува во соопштението на Амбасадата на САД на Косово.
Амбасадата изрази благодарност за професионалноста на косовската полиција, Мисијата на ЕУ за владеење на правото на Косово и КФОР за обезбедување безбедна средина за изборите.
Од Aмбасадата велат дека ќе се ангажираат со сите релевантни страни за следните чекори.
„Исто така, ја нагласуваме важноста и нашата посветеност за целосно спроведување на Охридскиот договор“, се наведува во соопштението на Амбасадата на САД во Приштина.
Централната изборна комисија на Косово (ЦИК) соопшти дека на вчерашните избори за градоначалници на општините во северно Косово и за советници во општините Лепосавиќ и Звечан гласале само 3,47 отсто или 1.567 граѓани со право на глас.
Видете и ова: На изборите во северно Косово гласаа 3,47 отсто гласачиВо општините Северна Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток живее мнозинско српско население, но најголемата партија на Србите во Косово, Српска листа, ги повика на бојкот.
Од претставниците на Србите, на изборите како независен кандидат за градоначалник на Звечан учествуваше Слаѓана Пантовиќ.
Централната изборна комисија (ЦИК) соопшти дека на изборите на северот на Косово на 23 април гласале 3,47 отсто од гласачите или 1.567 граѓани.