Српскиот претседател Александар Вучиќ ги нарече „окупациски“ изборите на северот на Косово. За време на комеморацијата на Денот на сеќавање на жртвите од Јасеновац, Вучиќ рече дека власта на северот на Косово има намера да ја воспостават оние кои, како што наведе, не живеат на северот на Косово и нема, како што оцени, да добијат ниту еден или два отсто од гласовите.
„До овој момент само неколку Срби излегоа заедно во четири општини. Србите нема да им служат на туѓите интереси. Тие сакаат да им служат на своите интереси, сакаат мир, но сакаат и да се борат за интересите на својот народ. “, изјави Вучиќ.
Видете и ова: Слаб одзив на вонредните избори во северно КосовоВо четири општини на северот на Косово, Северна Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток, каде живее мнозинство српско население, денеска се одржуваат вонредни локални избори, откако во ноември минатата година, градоначалниците од Српската листа поднесоа оставки.
Српска листа одби да учествува на изборите со образложение дека не се исполнети нивните услови за враќање во косовските институции - формирање Заедница на општини со српско мнозинство и повлекување на специјалните единици на Косово од општините на северот.