Синот на долгогодишниот портпарол на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков, изјави за руските медиуми дека се борел во Украина како член на платеничката група Вагнер. Изјавата подоцна ја потврди и шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин.
Триесет и тригодишниот Николај Песков, исто така, за Комсомолскаја Правда изјави дека заработил медал за храброст како дел од екипажот за лансирање ракети.
Неговата изјава доаѓа по повеќегодишните извештаи за луксузниот начин на живот на помладиот Песков и во услови на притисок врз напорите за јавна мобилизација додека руската неиспровоцирана инвазија се приближува до 14 месеци од језиното започнување на 24 февруари, минатата година.
Информацијата не можеше веднаш да се потврди. Пригожин рече дека Песков се пријавил „под фалсификувани документи“ за да го скрие својот идентитет.
Видете и ова: Вагнер на листата на санкции на ЕУ поради војната во УкраинаРуската платеничка група Вагнер од овој месе е на листата на сакции на ЕУ поради „активно учество во руската агресија против Украина“.
Групата Вагнер, која ги предводеше руските напади врз украинските градови Бахмут и Соледар, претходно во февруари беше ставена на друга листа на санкции на ЕУ поради кршење на човековите права и „дестабилизација“ на земјите во Африка.