Војската на САД го евакуираше персоналот на американската влада од Картум, изјави претседателот Џо Бајден, додавајќи дека Вашингтон ги прекинува операциите во својата амбасада, додека продолжуваат борбите меѓу ривалските команданти на Судан.
„Ова трагично насилство во Судан веќе ги чини животите на стотици невини цивили“, рече Бајден во изјавата.
„Тоа е несовесно и мора да престане“, додаде тој.
Видете и ова: Први евакуации на странци од Судан во Саудиска АрабијаДруги странски државјани почнаа да се евакуираат од пристаништето на Црвеното Море во Судан. Насилството изби на 15 април меѓу силите лојални на армискиот началник Абдел Фатах ал-Бурхан и неговиот ривал и заменик, Мохамед Хамдан Дагло, кој командува со моќните паравоени сили за брза поддршка (РСФ).
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека во борбите низ Судан загинале 413 лица, а 3.551 се ранети, но се верува дека вистинската бројка е поголема.