Украинските власти соопштија дека војската одбила десетици руски напади во текот на изминатиот ден. Украинската армија „одби 53 руски напади врз областите Бахмут, Авдијивка, Маријнка и Шахтјор“ на истокот на земјата“, објави украинскиот Генералштаб на 22 април.
Во последните 24 часа, се додава дека руските сили извршиле 30 воздушни напади и три ракетни напади, како и 50 напади со ракетни фрлачи.
Во меѓувреме десетици земји кои го поддржаа Киев во неговата борба против инвазивните руски сили се собраа во Германија на 21 април за да разговараат за натамошната воена помош за Украина.
Видете и ова: САД ќе испратат тенкови во Германија за потребите на украинската војскаГенералот Марк Мили, претседател на Здружениот генералштаб на САД, на прес-конференција рече дека зајакнувањето на противвоздушниот систем на Украина „е критична воена задача во моментов“, додавајќи дека целта е да се осигура дека тој е робустен и ригорозен. Мили рече дека воздушната одбрана била тема на еднодневниот состанок на Контакт групата за одбрана за Украина во воздухопловната база Рамштајн во Германија.
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, зборувајќи заедно со Мили на прес-конференција, рече дека сојузниците на Киев во контакт групата веруваат дека она што на Украина најитно и треба е воздушната одбрана на земјата.