Руски авион денеска полетал од Москва за Берлин со специјална дипломатска дозвола, изјави портпаролот на воздухопловните сили за новинската агенција ДПА. Тој не соопшти никакви детали за товарот и патниците. Летот предизвика интерес на социјалните мрежи.
Руските авиони се ретки гости откако Европската унија ги затвори аеродромите и воздушниот простор на ЕУ за сите руски превозници во февруари 2022 година. Русија ја започна инвазијата врз Украина на 24 февруари, минатата година.