Јапонскиот министер за одбрана Јасуказу Хамада денеска и нареди на војската на земјата да се подготви да собори севернокорејски шпионски сателит доколку тој почне да паѓа на јапонска територија.
„Хамада им нареди на вооружените одбранбени сили да ги направат неопходните подготовки бидејќи потенцијално може да нареди уништување на балистички ракети“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.
Видете и ова: Северна Кореја тестирала прва балистичка ракета на цврсто гориво
Подготовките вклучуваат аранжмани за распоредување војници во јужната префектура Окинава за „да се минимизира штетата во случај на пад на балистичка ракета“.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека подготовките за планираното лансирање на првиот шпионски сателит во земјата, како што, објавија претходно државните медиуми треба да продолжат за да се спротивстават на заканите од САД и Јужна Кореја,