Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин изјави дека Вашингтон во наредните недели планира да испорача тенкови Абрамс во Германија за обучување на украинските војници.
„Уверен сум дека оваа опрема и обуката што ја придружува, ќе ги доведе украинските сили во позиција да продолжат да постигнуваат успех на бојното поле“, рече Остин.
Видете и ова: Столтенберг ја повтори поддршката за Украина во НАТООстин се состана со западните сојузници на Контакт групата за Украина во американската воена воздухопловна база Рамштајн во Германија, при што испораките на оружје за Украина беа во фокусот на разговорот.
Обуката треба да се одржи во областа Графенвоер во јужна Германија. Обуката, според извештаите, треба да трае околу 10 недели, а учество во неа ќе земат околу 250 украински војници.