Повеќе од 400 луѓе се убиени, а повеќе од 3.500 се ранети во конфликтите од средината на април во Судан, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО).
„Точно 413 лица загинаа, а 3.551 лице се повредени“, изјави портпаролката на СЗО, Маргарет Харис пред новинарите во Женева.
Џејмс Елдер, портпарол на УНИЦЕФ, на истиот брифинг рече дека „најмалку девет деца загинале во борбите, а повеќе од 50 деца биле ранети“.
Тој исто така рече дека виталната грижа што ја имале околу 50.000 деца пред конфликтот била „прекината“ поради акутна неухранетост.
„Животите на овие деца се загрозени“, предупреди портпаролот на УНИЦЕФ.
Многу семејства се заробени од борбите, со мал или никаков пристап до електрична енергија, вода, храна и лекови.
Видете и ова: Ескалира насилството во Судан: Армијата во судир со паравоените силиСудан има една од највисоките стапки на детска неухранетост во светот. Според податоците на УНИЦЕФ, пред конфликтот во земјата имало повеќе од 600.000 деца кои страдале од тешка акутна неухранетост.
Конфликтите во Судан продолжија и денеска и покрај повиците за прекин на огнот по повод празникот Рамазан Бајрам. Конфликтот избувна кога тензиите меѓу војската и Силите за брза поддршка (РСФ) ескалираа, одложувајќи го потпишувањето на договорот за рестартирање на демократизацијата на Судан. Договорот требаше да го врати Судан во статус кво пред државниот удар во октомври 2021 година.
Паравоените сили нема да попуштат и рекоа дека нема да запрат додека не ја преземат контролата врз сите воени бази.