Вицепремиерот на Велика Британија, Доминик Раб денеска поднесе оставка по истрагата по жалбите дека малтретирал државни службеници.
Раб поднесе оставка од позициите министер за правда и вицепремиер на британската Влада еден ден откако британскиот премиер Риши Сунак ги доби заклучоците од истрагата.
Сунак започна петмесечна истрага по бројни поплаки за однесувањето на Раб.
Тој ги негираше тврдењата дека се однесувал недолично кон колегите и рече дека „се однесувал професионално во секој момент“.
Видете и ова: Тројца британски министри поднесоа оставкиПретходно тројца министри во британската влада поднесоа оставки и тоа неколку часа откако премиер стана Риши Сунак, новиот лидер на Конзервативната партија. Оставки поднесоа министерот за правда Брендон Луис, министерот за економија и енергетика Џејкоб Рис-Мог и министерката за труд Клои Смит.
Луис на Твитер напиша дека му „била чест да биде еден од министрите со најдолг стаж во владата“ каде што имаше осум министерски улоги во пет ресори под четири премиери. Рис-Мог рече дека е отворен да „работи сè што сака“ новиот премиер. Смит тогаш изјави дека ќе го поддржува Сунак од последните редови во Парламентот и дека ќе продолжи напорно да работи.