Ставот на Соединетите Американски Држави (САД) во однос на повторените избори за градоначалници и општини на северот на Косово е јасен и непроменет, изјави во писмена изјава за Радио Слободна Европа (РСЕ), американскиот амбасадор во Косово, Џефри Ховениер.
„САД и нашите партнери внимателно го следат овој процес. Очекуваме Владата на Косово да биде чувствителна за загриженоста на нејзините граѓани на северот на Косово за време на овој процес“, рече Ховениер.
На Косово ќе се одржат повторени избори за градоначалник и општини на 23 април во четири општини на северот на Косово каде што актуелните градоначалници поднесоа оставки на 5 ноември 2022 година.
Видете и ова: Курти- Подготовките за избори во северот на Косово се во текХовениер вели дека ги цени „напорите на косовските изборни претставници да им овозможат на сите кандидати да учествуваат“.
„Сите политички партии во Косово имаа можност да изберат да учествуваат во демократскиот изборен процес. Ги охрабривме кандидатите од сите политички партии да учествуваат во овој демократски процес“, вели американскиот амбасадор во Косово.
Тој додава дека Меѓународната заедница остро ќе ги осуди напорите за мешање во спроведувањето на овие избори, преку заплашување или каква било закана или употреба на насилство.
„Граѓаните на северот на Косово и сите политички партии имаат одговорност да го почитуваат демократскиот процес со тоа што ќе признаат дека секој имал можност да се регистрира и да учествува“, рече тој.
Српската листа, најголемата партија на Србите на северот на Косово, одби да учествува на изборите на северот на Косово. Партијата на косовските Срби се повлече од локалните избори во северно Косово на 20 април, иако првично најави дека ќе учествува.