Жито, подморници, ракети...
МАКЕДОНИЈА - Претставници на Студентски отпор не беа и во ниту еден случај нема да одат на средба со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во реакцијата на Студентски отпор.
„Денеска во јавноста на интернет портали блиски до политичката партија ВМРО - ДПМНЕ произлезе вест дека претставници на студентската организација Студентски Отпор оствариле средба со пратенци на ВМРО - ДПМНЕ во однос на нивниот предлог закон за субвенциониран студентски оброк. Јавноста ја инфомираме дека ова е само еден патетичен обид да се дискредитира и партиски да се обои движењето Студентски отпор“, се вели во реакцијата.
МАКЕДОНИЈА - „Бехтел не е ентитет на американската влада и ова не беше договор на американската влада“, пишува во одговорот на амбасадата на САД во Скопје за Алфа ТВ во однос на договорот на Владата на Северна Македонија со конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на автопатските делници од коридорите 8 и 10-д.
САД - Ракетата „SpaceX“ на Илон Маск денеска не успеа да се одвои од рампата во Тексас. Само неколку минути по лансирањето, ракетата експлодираше, уривајќи се во Мексиканскиот залив. Ракетата почнала да се превртува, а потоа експлодирала четири минути по полетувањето и паднала во заливот. Ракетата немала екипаж.
МАКЕДОНИЈА - Документацијата и деталите од договорот за изградба на Коридорот 8 и Коридорот 10-д Владата ќе ја презентира во Собранието, пред пратениците кои поседуваат соодветен безбедносен сертификат, соопштија од владината прес служба.
УКРАИНА - Иднината на Украина е во НАТО, изјави шефот на западната воена алијанса, Јенс Столтенберг за време на неговата прва посета на Украина по руската инвазија.
„Да бидам јасен: Украина припаѓа на евроатлантското семејство. Украина му припаѓа на НАТО. Со текот на времето, нашата поддршка ќе ви помогне да го овозможите тоа“, изјави Столтенберг на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев.
ИРАН - Петтата флота на американската морнарица негираше дека иранската морнарица ја принудила американската да излезе на површина додека влегувала во Заливот. Информацијата за иранската државна телевизија во четвртокот ја даде командантот на иранската морнарица Шахрам Ирани.
СУДАН - Жителите на суданската престолнина известија за обновени силни пукотници во четвртокот над центарот на Картум и некои други области, бидејќи многумина се обидоа да го напуштат градот пред празникот Бајрам што го означува крајот на муслиманскиот свет месец Рамазан.
МАКЕДОНИЈА - Македонските власти немаат конкретен став за увоз на жито од Украина, додека неколку членки на Европската унија го запреа увозот на украински житарки. Министерот за економија Крешник Бектеши вели Владата ќе ги следи одлуките на ЕУ по ова прашање. Министерот рече и дека Северна Македонија сега не увезува жито од Украина, но дека ако ни притреба - ќе увезуваме, но не на домашна штета.
КОСОВО - Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, очекува предлогот на косовската Влада за Заедница на општини со српско мнозинство да го има до 2 мај, кога ќе се сретнат лидерите на Косово и Србија во Брисел.
МАКЕДОНИЈА - Во полицискиот тренинг центар во Ѓорче Петров, денеска, со свечена церемонија, официјално почна Заедничката операција на Фронтекс во Северна Македонија.