Претставници на Студентски отпор не беа и во ниту еден случај нема да одат на средба со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во реакцијата на Студентски отпор.
„Денеска во јавноста на интернет портали блиски до политичката партија ВМРО - ДПМНЕ произлезе вест дека претставници на студентската организација Студентски Отпор оствариле средба со пратенци на ВМРО - ДПМНЕ во однос на нивниот предлог закон за субвенциониран студентски оброк. Јавноста ја инфомираме дека ова е само еден патетичен обид да се дискредитира и партиски да се обои движењето Студентски отпор“, се вели во реакцијата.
Видете и ова: Студентите кренаа „жолт картон“ на марш од Влада до МОНДополнително се наведува дека „Луѓето што присуствуваа на таа средба не се наши членови, туку се членови на партискиот подмладок на ВМРО - ДПМНЕ, односно УМС. Студентски отпор во ниту еден случај не би седнал на иста маса со претставници од партијата која најмногу придонесе за уништување на студентскиот стандард во Македонија со енормна корупција и непотизам по универзитетите во Македонија. Нема да дозволиме борбата за подобар студентски стандард партиски да се обои од страна на една од најкриминогените партии во Македонија, а и пошироко“.