Амасада на САД: „Бехтел“ не е ентитет на американската влада

„Бехтел не е ентитет на американската влада и ова не беше договор на американската влада“, пишува во одговорот на амбасадата на САД во Скопје за Алфа ТВ во однос на договорот на Владата на Северна Македонија со конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на автопатските делници од коридорите 8 и 10-д.

Понатаму во одговорот на амбасадата се наведува дека „иако Амбасадата на САД не е вклучена во одредувањето на исходот од приватните инвестиции, поттикнувањето на економскиот развој и комерцијалното партнерство меѓу Соединетите Американски Држави и Северна Македонија останува една од примарните мисии на Амбасадата“.

„Амбасадата понекогаш служи како советодавен капацитет за деловната клима во Северна Македонија за американските компании кои сакаат да се прошират овде, но не презема никаква улога во преговорите или диктира услови за каков било договор. Прашањата за преговарачкиот процес и резултатите треба да се упатат до преговарачките страни“, се вели во одговорот.

Видете и ова: Владата ќе го презентира договорот со Бехтел и Енка само пред пратениците со безбедносен сертификат

Договорот со конзорциумот „Бехтел и Енка“ не е достапен за јавноста затоа што е класифициран, односно е деловна тајна по барање на изведувачот и Владата.

Овој проект од самиот почеток го следат контроверзии. Прво се заобиколија закони и се донесе нов закон „во четири очи“ за таа цел. Имаше проблеми и со изборот на надзор. Првиот обид пропадна поради руска врска, а и вториот се поврзува со скандали со фирмите за надзор. Но и покрај сомнежите , Владата и Бехтел и Енка го потпишаa договорот.