Дванаесет проценти од вкупниот број на туристи во државата лани биле од Србија. Преку туристичката индустрија во земјава во 2022 година се обезбедија 480 милиони долари, што е за 21 процент скок во однос на 2019 година, изјави денеска претседателот на Туристичка агенција за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски за време на промоцијата на српскиот туризам во Скопје.
Јаневски очекува оваа година да се достигне најдобрата бројка во однос на бројот на ноќевањата на домашни и странски туристи кај нас.
„Ова е знак дека и во оваа година е голема одговорноста кај македонскиот туристички сектор да го продолжи тој раст за 15 до 20 проценти, но и да бидеме доволно конкурентни и уште повеќе видливи на мапата на туристичката светска мапа“, изјави Јаневски.
Видете и ова: Нема развој на домашниот туризам, а потенцијал имаТој е на ставот дека туристичката индустрија треба поразлично да се третира од другите економски гранки. И покрај тоа што во одредени земји економијата е во длабока криза, сепак, како што рече, туристичката индустрија е во пораст.
Промоцијата на српскиот туризам во Скопје е во организација на Туристичката организација на Србија во сорабока со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Северна Македонија.
Јаневски рече дека околу 140 туристички работници се присутни на средбата денеска во Скопје, со цел овозможување на зголемување на бројот на ноќевање и зголемување на понудата на дестинациите во државата.