Стотици демонстранти кои се противат на законот за зголемување на старосната граница за пензионирање во градот Ганг во јужна Франција го дочекаа францускиот претседател Емануел Макрон пред неговата посета.
Протести се одржуваат и низ други градови во земјата.
Посетата на Макрон во градот Ганг доаѓа во време кога тој и неговата влада се соочуваат со жестоки критики за пензиските реформи.
Видете и ова: Макрон ја потпиша пензиската реформа и покрај протеститеДемонстрантите извикуваа: „Тука сме, тука сме, дури и ако Макрон не сака (ние да бидеме овде), ние сме тука“.
Францускиот претседател требаше да се сретне со наставниците и учениците во едно средно училиште, каде што требаше да ги промовира новите образовни политики. По неговото пристигнување, местото остана без струја, за што локалниот огранок на синдикатот рече дека е во знак на протест.
Макрон пред неколку дена го потпиша законот за непопуларната пензиска реформа, со која старосната граница за пензионирање се зголемува од 62 на 64 години.