Македонски полицаец на 19 април застрелал мигрантка кај Касарната Гевгелија откако криумчари го нападнале полицаецот во обид да му го одземат пиштолот, соопштија од МВР.
Во полицискиот билтен е наведено дека инцидентот се случил кај гевгелиската касарна, кога полицајците вршеле контрола на две патнички возила со осум мигранти кои почнале да бегаат.
„ Возилата биле запрени од страна на полициските службеници по што возачите и мигрантите се обиделе да избегаат. Притоа К. Ј. физички нападнал полициски службеник обидувајки се да му го одземе пиштолот. Полицискиот службеник испукал и погодил еден од мигрантите“, соопшти МВР.
Видете и ова: Се повеќе смртни случаи на мигранти во МедитеранотЖената со рана во градниот кош од огнено оружје без знаци на живот била примена во Хируршкото одделение на Гевгелиската болница. Полицијата соопшти дека двајцата возачи во кои биле криумчарени мигрантите се приведени.
Известен е јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за расчистување на случајот. На лице место е извршен увид од ОЈО Гевгелија и по расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.