Јас добив непотврдена информација за претходно несовесно однесување на лекарот од Тетово, но немаше ништо запишано и претходно не била покрената никаква постапка, дисциплинска или каква било друга, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити. Тој во одговор на новинарско прашање околу одговорноста на анестезиологот од Тетово кој е осомничен дека снимал пациенти на Тик Ток, министерот посочи дека за овој случај ќе се постапува и понатаму, вклучително и во однос на извештајот од Лекарската комора.
„Значи во рамките на законот, тој ќе биде седум години без лиценца, додека заврши судската процедура, а кога ќе заврши, може и доживотно да остане без неа“,изјави Меџити.
Министерот изјави дека ова не му бил прв прекршок на анестезиологот и дека до сега бил толериран од болницата.
„Не знам зошто. Тоа може да го споделам, до пред две-три недели, замислете, немало ниту дисциплинска комисија во таа болница. Не знам зошто. Отсега натаму во Министерството за здравство и со мојот тим, работите веќе нема вака да продолжат. Ќе се решат во ист момент проблемите и најстрого ќе се санкционираат. Поранешниот организациски директор не бил на работа кога се случило тоа и немал редовен работен однос. Веднаш го разрешив. Денес или утре ќе има нов организациски директор. Жалам што тој настан се случи““, вели Меџити.
Видете и ова: Притворен анестезиологот ТикТокер поради неовластено снимање и работењеОсумдневен притвор доби 43-годишниот анестезиолог од Тетово, по предлог на Обвинителството и судија на претходна постапка од Основниот суд Тетово.
Лекарот се товари дека на социјалните мрежи снимал и емитувал пациенти и медицински персонал во живо, што резултирало со пријави за „несовесно работење во службата“ и „неовластено снимање“ од член 152 став 2 од Кривичниот законик.
Претходно и Лекарската комора најостро го осуди инцидентот со анестезиологот кој објавувал видео снимка од пациенти на социјалните медиуми.