Германскиот синдикат на работниците во железницата и транспортот Е Фау Ге за в петок најави национален штрајк, а меѓу погодените превозници е и националниот железнички оператор Дојче Бан, јавува германската новинска агенција ДПА.
Штрајкот ќе опфати 50 компании и ќе трае осум работни часа, соопшти германската синдикална организација. Тие најавија дека патниците треба да бидат подготвени за одложувања и откажувања на патувањата.
Високата инфлација во Германија предизвика бран штрајкови во последниве месеци, бидејќи работниците бараат повисоки плати за да ги надоместат зголемените трошоци за живот.
Синдикатот Е Фау Ге кој преговара во име на 230.000 луѓе, бара зголемување на платите за 12 отсто, или најмалку дополнителни 650 евра од нивните месечни плати.
Државната „Дојче бан“ понуди зголемување на платите за 5 отсто на своите вработени и еднократна исплата до 2.500 евра.