Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги посети украинските сили во близина на линијата на фронтот во источниот регион Доњецк, извести неговиот кабинет, неколку часа откако Кремљ објави дека рускиот претседател Владимир Путин ги посетил делумно окупираните украински региони Херсон и Луганск.
Зеленски ги посети позициите на украинската војска во Авдиивка, која заедно со Бахмут и Мариинка се на удар на повеќемесечната руска офанзива, која наиде на жесток отпор од украинските сили, соопшти кабинетот на Зеленски.
Тој доби информации од воените команданти за ситуацијата на фронтот, а на војниците им поделил награди.
Русија претходно извести дека претседателот Путин ги посетил Херсон и Луганск.
Русија ја нападна Украина во февруари минатата година и окупира делови од украинската територија.