Уапсени двајца њујорчани за работење во „тајна кинеска полициска станица“

Се верува дека шесткатницата со стаклена фасада во Њујорк била седиште на тајната кинеска полициска станица во Њујорк

Американските разузнавачки служби приведоа двајца жители на Њујорк, осомничени дека работеле во кинеска „тајна полициска станица“.

Лиу Џијаванг (61) и Чен Џинпинг (59) се соочуваат со обвиненија дека работеле како тајни агенти на кинеската влада, за тоа не биле известени американските власти, а обвинети се и за попречување на законот. Тие треба да се појават пред федералниот суд во Бруклин.

Овој случај покажува јасно кинеско кршење на нашиот национален суверенитет со создавање тајна полициска станица среде Њујорк, изјави сојузниот обвинител од Бруклин, Бреон Пис.

Според обвинението, Луи во 2018 година се обидувал да убеди лице, кое се сметало за бегалец во Кина, да се врати дома. Тој бил малтретиран и добивал закани да се врати во Кина.

Видете и ова: Кина води полициски станици во странство за прогон на свои државјани

Луи и Чен признале дека ја избришале комуникацијата со претставник на кинеската влада откако дознале дека се под истрага.

Организацијата за човекови права „Заштитни бранители“ (Safeguard Defenders) со седиште во Мадрид, уште во декември, објави извештај во кој се наведува дека Пекинг отвори повеќе од 100 таканаречени полициски станици во странство, ширум светот, за да ги следи, вознемирува и во некои случаи да ги враќа во Кина своите државјани кои живеат во егзил, користејќи билатерални безбедносни аранжмани постигнати со земјите во Европа и во Африка.

Организацијата тврди дека вакви полициски станици има во 53 држави ширум светот, но кинеските власти негираат дека имаат непријавени полициски станици надвор од кинеска територија.

Видете и ова: Србија нема сознанија дека кај нив има кинески полициски станици