Осумдневен притвор доби 43-годишниот анестезиолог од Одри од Тетово, по предлог на Обвинителството и судија на претходна постапка од Основниот суд Тетово.
Лекарот се товари дека на социјалните мрежи снимал и емитувал пациенти и медицински персонал во живо, што резултирало со пријави за „несовесно работење во службата“ и „неовластено снимање“ од член 152 став 2 од Кривичниот законик.
Притворот е одреден денеска на 15 април, а пријавениот ќе биде задржан во КПУ Затвор „Скопје“, се вели во соопштението на Обвинитлеството.
Случајот го пријави директорот на болницата пред лекарот да биде приведен од страна на полициски службеници на СВР Тетово.
Видете и ова: Суспендиран анестезиологот ТикТокерПретходно докторот беше и суспендиран од работа поради тоа што објавувал снимки од пациенти на „ТикТиок“, како што соопшти на 15 април министерот за здравство Фатмир Меџити на прес-конференцијата заедно со директорот на Клиничката болница во Тетово, Плумб Вела.
„Изразувам големо жалење што еден здравствен работник вака се однесувал и ќе направиме сè за во иднина да не ни се случи вакво нешто“, рече министерот.
Анестезиологот беше приведен, по пријава од директорот на Тетовската болница, оти , снимал пациенти и доктори, а снимката потоа бил објавена на социјалната мрежа „ТикТок“.
„Тоа се случило на одделението за киретажа каде тој работел како анестезиолог. Додека вчера јас бев во Скопје видеото ми го прати еден новинар. Штом го видов видеото веднаш дојдов во Тетово и јас лично, како директор на болницата, случајот го пријавив во полицијата, бидејќи станува збор за сериозна работа. За случајот бевме во постојана комуникација со Министерството и министерот“, вели директорот на болницата, Вела.
Претходно и Лекарската комора најостро го осуди инцидентот со анестезиологот кој објавувал видео снимка од пациенти на социјалните медиуми.