Полската влада одлучи да го забрани увозот на жито и друга храна од Украина за да го заштити нејзиниот земјоделски сектор, изјави на 15-ти април, лидерот на владејачката партија Право и правда, Јарослав Качински.
Големи количини украински житарки, кои се поевтини од оние што се произведуваат во Европската унија, завршија во земјите од Централна Европа, што влијаеше на продажбата на локалните земјоделци.
Ова, пак, создаде политички проблем за владејачката партија Право и Правда во изборната година.
„Владата донесе одлука за забрана за увоз на жито во Полска, како и други видови храна“, рече Качински за време на партиската конвенција.
Видете и ова: Украинското жито ги разгневи земјоделците од ЕУКако што рече, списокот на тие стоки ќе се најде во уредбата на Владата, а станува збор за производи како што се житариците, „до медоносни производи“.
„Многу од тоа“, додаде тој, истакнувајќи дека Полска го забрани увозот од Украина за да го заштити својот земјоделски сектор.
Полска е еден од најверните сојузници на Украина откако Русија ја започна својата инвазија во февруари 2022 година.
Но, пренасочувањето на евтините украински производи на Запад ја намали заработката на полските фармери.
„Ние сме и остануваме пријатели и сојузници на Украина. Ќе ја поддржиме, но должност на секоја држава и влада е да ги заштити интересите на своите граѓани“, рече Качински.
Качински рече дека Полска е подготвена да започне преговори со Украина за да се реши проблемот со житото и дека украинската страна е веќе информирана за одлуката.
Во мај минатата година, Европската унија (ЕУ) се откажа од царините и увозните квоти за украинските земјоделски производи, со цел да се олесни нивниот транспорт до светските пазари по руската инвазија на Украина.
Светските агенции велат дека се очекувало украинското жито да помине низ ЕУ на својот пат до традиционалните купувачи, но локалните производители тврдат дека украинските стоки ги преплавиле земјите-членки што ги поткопува цените за домашните производители.