Православните христијани го слават Велигден

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение - 16.04.2023.

Велигден, „празникот на празниците“, православните христијани го слават со литургии и бројни обичаи.

Тој е најважниот празник во христијанското учење и ја претставува неговата суштина, бидејќи означува дека со воскресението Христово животот ја победи смртта.

Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, но и во православните храмови во други земји како Украина, Србија, Бугарија, Русија, Турција, Грузија. Денеска се одржуваат воскресенски литургии во православните храмови.

Верници присуствуваа на литургија во катедралата Володимир во Киев, Украина.

Велигден во Киев.

Во Србија, верници пристигнаа на првата велигденска литургија пред црквата Свети Сава во Белград.

Жена гледа во запалени свеќи за време на полноќната православна велигденска света литургија во Св. Сава храм во Белград.

Во Бугарија верниците присуствуваа на велигденска литургија пред катедралата Александар Невски во Софија.

Велигден во Бугарија - 2023 година.

Воскресението Христово е празник што ги спојува верата и традицијата, а почнува на Величетврток уште пред изгрејсонце, кога домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца.

Во Македонија денеска прославата на Христовото воскресение почна со раздавање на светиот Благодатен оган, што по првпат македонска црковно-државна делегаци го донесе директно од Ерусалим, по што беше отслужена Пасхална полуноќница, извршен трократен опход околу Соборниот храм и отслужена Божествена литургија.