Суспендиран од работа е анестезиологот од Тетовската болница, кој објавувал снимки од пациенти на „ТикТиок“, соопшти на 15 април министерот за здравство Фатмир Меџити на прес-конференцијата заедно со директорот на Клиничката болница во Тетово, Плумб Вела.
„Изразувам големо жалење што еден здравствен работник вака се однесувал и ќе направиме сè за во иднина да не ни се случи вакво нешто“, вели министерот.
Анестезиологот вчера беше приведен, по пријава од директорот на Тетовската болница, оти , снимал пациенти и доктори, а снимката потоа бил објавена на социјалната мрежа „ТикТок“.
„Тоа се случило на одделението за киретажа каде тој работел како анестезиолог. Додека вчера јас бев во Скопје видеото ми го прати еден новинар. Штом го видов видеото веднаш дојдов во Тетово и јас лично, како директор на болницата, случајот го пријавив во полицијата, бидејќи станува збор за сериозна работа. За случајот бевме во постојана комуникација со Министерството и министерот“, вели директорот на болницата, Вела.
Видете и ова: Приведен анестезиологот кој објавувал пациенти на „TикTок”,Претходно и Лекарската комора најостро го осуди инцидентот со анестезиологот кој објавувал видео снимка од пациенти на социјалните медиуми.