Американската сојузна држава Монтана вчера донесе закон за забрана на ТикТок, кој ќе биде тешко применлив во постојниот облик, но би можел да ја поттикне спремноста на Соединетите Американски Држави засекогаш да ја забранат популарната платформа на кинеската групација БајтДенс. Тоа е прва американска држава која донесе ваков закон.
Законот, кој беше донесен со 54 гласови за и 43 против, сега треба да биде потпишан од гувернерот на Монтана, држава на северозападот на САД со нешто повеќе од еден милион жители.
Како и многумина демократски и републикански претставници во американскиот Конгрес, претставниците на Монтана сметаат дека платформата за кратки и забавни видеозаписи, која ја посетуваат 150 милиони Американци, му овозможува на Пекинг да шпионира и да манипулира со корисниците.
Видете и ова: Франција забрани ТикТок и Нетфликс на службените телефониЗаконот им наредува на продавниците на мобилни апликации на Епл и на Гугл од 1 мај 2024 година веќе да не го дистрибуираат ТикТок.
„За уставноста на текстот ќе одлучи судот. Ја продолжуваме борбата за корисниците и креаторите на ТикТок во Монтата“, рече официјална претставничка на апликацијата во пресрет на гласањето.
ТикТок постојано ги негира обвинувањата за шпионажа во корист на Кина.