Го почитувам интегритетот на БиХ, но сериозно размислувам за отцепување, ако не се почитуваат нашите права, изјави на 14 април претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кој денес во Белград се сретна со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Тие разговарале за сите важни прашања на односите меѓу Србија и Република Српска.
„Сакаме да го почитуваме Уставот на БиХ, да го почитуваме Дејтонскиот договор, да го почитуваме интегритетот на БиХ, во ред, но и да ги почитуваме правата што РС несомнено и се дадени во Уставот“, изјави Додик.
Тој посочи дека „ангажманот што го прави дел од западната политичка заедница и политичко Сараево“ води кон уште поголемо „деградирање на позицијата на РС“.
Српскиот претседател Вучиќ по средбата со Додик, изјави дека Србија „секогаш ќе го поддржува“ она што е договорено од трите конститутивни народи во БиХ.
Видете и ова: Република Српска со нов закон ќе бара финансиски извештаи од непрофитни организации„Претседателот Додик ме запозна со својот став за ситуацијата и односите во БиХ, со обидите на РС да ги зачува своите права и обврски од Дејтон. Во име на Србија, реков дека сметаме дека Дејтонскиот договор е суштина на функционирањето на БиХ и, се разбира, на РС, изјави Вучиќ на заедничката прес-конференција со Додик.
Владите на Србија и Република Српска до крајот на месецот ќе одржат заедничка средба во Бања Лука, на која ќе биде финализиран проектот за изградба на два споменици за жртвите од Јасеновац во Белград и Доња Градина, каде на 23 април заеднички ќе да го одбележат страдањето на српскиот народ.