Украина официјално им забрани на своите спортисти да учествуваат на натпревари на кои настапуваат спортистите од Русија и од Белорусија.
Украинското Министерство за спорт соопшти дека им забранува на националните спортски екипи да учествуваат на олимписки, неолимписки и параолимписки натпревари, ако на нив се натпреваруваат спортисти од Русија и Белорусија.
Видете и ова: Олимпискиот комитет препорача враќање на руските и белоруските спортисти, но под неутрално знамеЗабраната уследи откако Меѓународниот олимписки комитет им дозволи на руските и белоруските спортисти да се натпреваруваат под неутрално знаме и покрај руската инвазија врз Украина