Од Арачиново до Белата куќа
СРБИЈА - Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека „Србија немала и нема да извезува оружје во Украина“, како и дека „нема и нема“ да извезува муниција во таа земја или во Русија.
„Нема хартија што би покажала нешто такво“, изјави Вучиќ.
ФИНСКА - Финска на 13 април објави дека ја завршила својата прва вежба на НАТО како членка на Алијансата. Германската и португалската фрегата ќе останат закотвени во пристаништето на Хелсинки до 16 април, соопшти финската морнарица.
ГЕРМАНИЈА / ПОЛСКА - Германија го одобри барањето на Полска за да ги испрати петте стари борбени авиони МиГ-29 за зајакнување на воздушната моќ на Украина против руската инвазија, соопшти во четвртокот германското Министерство за одбрана.
САД - Американскиот претседател Џо Бајден се обиде да ја намали загриженоста за неодамнешното протекување на доверливи документи минатата недела кои наводно откриваат детали за воените способности на некои сојузници и противници на САД, велејќи дека нема ништо од „последицата“.
СЛОВАЧКА - Шефот на словачката централна банка и член на одборот на Европската централна банка што одлучува за монетарната политика за 20 земји, во четвртокот беше осуден за поткуп и казнет со 100 илјади евра. Специјалниот кривичен суд на земјата му изрече двегодишна условна казна на гувернерот на Народната банка на Словачка, Петер Казимир, изјави Катарина Куџакова, портпарол на судот. Доколку Казимир не ја плати казната, би одел во затвор.
МАКЕДОНИЈА - Општина Арачиново не наплаќа данок на имот, не наплаќа комунална такса на фирма, не наплаќа комунална такса за користење на музика во јавни локали, ниту пак наплаќа комунална такса за истакнување на реклами и огласи на јавни места и не наплаќа надоместок за уредување на градежно земјиште утврдил државниот ревизор.
МАКЕДОНИЈА - Македонскиот претседател Стево Пендаровски денеска од Тетово повтори дека ќе ги чека конечните верзии на пакетот од измени на осум закони поврзани со изградбата на Коридорите 8 и 10д по што во консултација со неговиот правен тим ќе одлучи дали ќе ги потпише. Тој во однос на барањето од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да не ги потпишува указите за пакетот закони, Пендаровски изјави дека не прима совети од политички партии.
НОРВЕШКА - Норвешкото министерство за надворешни работи на 13 април одлучи да протера 15 претставници на руската амбасада. Во соопштението е наведено дека тоа се луѓе кои работат како разузнавачи под закрила на дипломатски позиции.
ФРАНЦИЈА - Француските синдикати денеска повторно повикаа на протести ширум земјата против пензиските реформи на претседателот Емануел Макрон. За денешните најавени 12-ти протести властите најавија дека ќе бидат ангажирани над 11 илјади полицајци, од кои над 4 илјади само во Париз. Според најавите се очекува на денешните протести да излезат од 400 до 600 илјади демонстранти.
ЦРНА ГОРА - Црногорската полиција денеска го приведе претседателот на општината Будва, Мило Божовиќ. Полициската акција денеска се спроведува во повеќе црногорски градови по наредба на Специјалното државно обвинителство. Божовиќ е уапсен во неговата семејна куќа во центарот на Будва.
СЕВЕРНА КОРЕЈА - Северна Кореја во четвртокот го изврши своето прво лансирање на интерконтинентална балистичка ракета за еден месец, веројатно тестирајќи нова помобилна, потешка за откривање ракета за прв пат, рекоа нејзините соседи.
Јапонија ги повика жителите на најсеверниот остров Хокаидо превентивно да се засолнат поради ракетните закани кои доаѓаат од Северна Кореја.
ШВАЈЦАРИЈА - Швајцарија најави дека во наредниот период ќе стави на располагање дополнителни 1,5 милијарди швајцарски франци, односно 1,68 милијарди долари за Украина. Овие пари ќе и бидат на располагање до 2028 година, изјави министерот за надворешни работи Игнацио Касис на конференција во Вашингтон.
МАКЕДОНИЈА - Судскиот процес за поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зеќири денеска повторно почна отпочеток. Причина за тоа се сменети членови на Судечкиот совет во процесот како и истечениот временски рок за оваа фаза од процесот. Зеќири е обвинет за „злоупотреба на службена положба и овластување“ .
РУСИЈА / УКРАИНА - Руските сили незаконски апселе и мачеле жители на Херсон и околината за време на окупацијата на таа област помеѓу март и ноември 2022 година, објави меѓународната организација за заштита на човековите права Хјуман рајтс воч (ХРВ).
УКРАИНА - Сите украински градови и Крим мора и повторно ќе бидат дел од Украина, а вистински мир ќе дојде со враќање на границите на земјата: ова го изјави на 13 април министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба.