Француските синдикати денеска повторно повикаа на протести ширум земјата против пензиските реформи на претседателот Емануел Макрон. За денешните најавени 12-ти протести властите најавија дека ќе бидат ангажирани над 11 илјади полицајци, од кои над 4 илјади само во Париз. Според најавите се очекува на денешните протести да излезат од 400 до 600 илјади демонстранти.
Протестите се случуваат во пресрет на очекуваната одлука на Уставниот совет за пензиската реформа. Демонстрантите се противат на најавеното постепено зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години. Десничарската влада сака да ја затвори финансиската дупка во пензискиот фонд со реформа.
Спорот се интензивираше бидејќи владата го протурка текстот низ Националното собрание без гласање. Протестите, кои во почетоците беа мирни со недели, во меѓувреме беа засенети од масовно насилство. Макрон веќе најави дека сака реформата да стапи на сила до крајот на годината.