Швајцарија најави дека во наредниот период ќе стави на располагање дополнителни 1,5 милијарди швајцарски франци, односно 1,68 милијарди долари за Украина. Овие пари ќе и бидат на располагање до 2028 година, изјави министерот за надворешни работи Игнацио Касис на конференција во Вашингтон.
Заедно со претходно предвидените 300-те милиони швајцарски франци кои беа наменети за временскиот период од 2023 до 2024 година, ова ќе го големи вкупниот износ што Швајцарија ќе и го обезбеди на земјата до 2028 година на 1,8 милијарди франци.
Берн веќе одделно одвои 1,03 милијарди франци за поддршка на околу 75.000 Украинци кои побараа засолниште во Швајцарија.
Претходно Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) објави дека неговиот одбор на директори одобрил четиригодишен заем од 15,6 милијарди долари за Украина, како дел од глобалниот пакет од 115 милијарди долари за поддршка на економијата на земјата која се бори со руската инвазија од минатиот февруари.