Кулеба- Вистинскиот мир значи враќање на границите на Украина

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во седиштето на НАТО во Брисел на 4 април 2023

Сите украински градови и Крим мора и повторно ќе бидат дел од Украина, а вистински мир ќе дојде со враќање на границите на земјата: ова го изјави на 13 април министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба.

„Нема разлика меѓу кој било украински град, сите тие мора и ќе бидат повторно Украина“, рече тој, говорејќи преку видео врска на конференцијата за безбедност на Црното Море во Букурешт.

Видете и ова: „Обединете ја Украина“ - мобилна апликација за пронаоѓање исчезнати деца

Генералштабот на вооружените сили на Украина утринава соопшти дека во тек се најжестоките борби со руските сили во областа Бахмут, каде Русите се обидуваат да преземат целосна контрола над градот. Украинските сили посочуваат дека Русите гранатираат некои населени места.

Руските војници спроведуваат офанзивни операции во четири правци - во правец на Лиман, Бахмут, Авдијевка и Маринка.

Во текот на изминатиот ден руските сили извршиле повеќе од 45 напади во тие четири правци, соопшти украинскиот Генералштаб.