Армијата бомбардираше село во Мјанмар, најмалку 50 жртви

илустрација

Најмалку 53 лица беа убиени денеска во еден од најсмртоносните воздушни напади на војската на Мјанмар во тековната граѓанска војна. Се уште нема официјални извештаи за овој бомбашки напад, но очевидци велат дека меѓу загинатите има најмалку 15 жени и неколку деца, јавува Би-Би-Си, наведувајќи дека не може да ги потврди овие бројки.

Нападот, кој се случи во вторникот, беше насочен кон село во северозападниот регион Сагаинг, кое беше против воената влада. Војската се повеќе користи воздушни напади против своите противници откако тие ја презедоа власта во февруари 2021 година.

Заедниците во Сагаинг најсилно се спротивставија на воената власт на Мјанмар, формирајќи свои милиции, училишта и клиники.

Видете и ова: ЕУ ја осуди пресудата за поранешната лидерка на Мјанмар

Граѓаните објавија видеа на кои се гледаат уништени згради и мртви тела со повик до сите преживеани на кои им е потребна помош да излезат. Тие додаваат дека е тешко да се изброи точно колку луѓе загинале.

Воената влада се повеќе се потпира на своите руски и кинески авиони за да ги бомбардира селата под контрола на опозицијата, бидејќи на нејзините копнени трупи им е тешко да се движат по патиштата каде што често се наоѓаат во заседа или ги погодуваат нагазни мини и импровизирани експлозивни направи.

Помеѓу февруари 2021 година и јануари 2023 година, биле извршени најмалку 600 воздушни напади од страна на војската, анализира БиБиСи.

Војската на Мјанмар, која ја собори избраната влада во 2021 година, наиде на светска осуда за смртоносните напади врз продемократските противници и цивилите.