Лекарите во Британија штрајкуваат за повисоки плати

илустрација

Британскиот министер за здравство Стив Баркли изјави дека четиридневниот штрајк на лекарите-специјализанти, кој почна денеска, претставува ризик за безбедноста на пациентите.

Во соопштението се додава дека овој штрајк е темпиран да предизвика што поголемо нарушување во работата на здравствените установи по велигденските празници. Поради штрајкот ќе бидат одложени голем број операции и лекарски прегледи.

Десетици илјади лекари специјализанти денеска почнуваат со протести барајќи покачување и подобро прилагодување на нивните плати со инфлацијата.

Видете и ова: Половина милион штрајкувачи во Велика Британија бараат повисоки плати поради инфлацијата

Британската медицинска асоцијација (БМА) бара зголемување на платите за 35 отсто. Лекарите специјализанти, кои се околу 75 000 во Велика Британија, се подготвени да го прекинат штрајкот доколку министерот Баркли понуди соодветно зголемување на платите.

Министерот за здравство смета дека нивните барања се претерани.