Краставици и вештачка интелигенција
МАКЕДОНИЈА - Денеска беше промовиран првиот дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција во јавниот сектор - АДА. АДА има за цел да ја претставува Северна Македонија како поволна инвестициска дестинација и ќе нуди персонализиран пристап при комуникацијата со потенцијални странски инвеститори.
УКРАИНА - Русија и Украина спроведоа уште една размена на затвореници, што резултираше со враќање на секоја од страните по околу 100 затвореници. Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека 106 руски воени заробеници биле ослободени од Украина.
МАКЕДОНИЈА - Министерот за здравство Фатмир Меџити најави дека тим од Државен здравствен и санитарен инспекторат и комисија од инспектори утре во битолската болница ќе ја утврдува точната причина за смртта на бебето на 24-годиш битолчанка. Бебето кое починало вчерае нов случај во битолската болница, откако пред десетина дена почина шестгошишната Јана.
САД - Пет луѓе се убиени, а шест ранети во масовно пукање во американскиот град Луисвил, Кентаки, потврди полицијата и извести дека напаѓачот е неутрализиран. Веќе нема „активна закана од агресија“, објави на Твитер полицијата на Луисвил.
МАКЕДОНИЈА - Tаканаречената „Огнена група“ денеска побара како фракција во рамките на ДУИ да учествува во работната група за уставните измени, за која утре истекува рокот политичките партии да номинираат свои претставници.
МАКЕДОНИЈА - Премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска изјави дека смета оти нема конфликт на интереси со владината одлука компанијата, каде што има удел неговата сопруга, да дооформи градежна парцела во Радовиш на државно земјиште по цена од 70 денари за метар квадратен.
БЕЛОРУСИЈА - Авторитарниот лидер на Белорусија, Александар Лукашенко, денеска во Минск разговараше со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, објави белоруската државна новинска агенција БелТА. Како што се наведува, Лукашенко рекол дека на Белорусија и се потребни гаранции дека во случај на напад Русија ќе ја брани земјата „како своја територија“.
ЈУЖНА КОРЕЈА - Претседателскиот кабинет на Јужна Кореја денеска соопшти дека ќе побара од Соединетите држави да преземат соодветни мерки во врска со извештаите за наводно шпионирање на највисоките американски безбедносни функционери, штом ќе се потврдат деталите за случајот, објави новинската агенција Јонхап.
МАКЕДОНИЈА - Тројца македонски државјани синоќа загинаа во тешка сообраќајна несреќа во Италија, потврди македонското Министерство за надворешни работи (МНР). Сообраќајната несреќа се случила во градот Ница Монферато, во италијанската провинција Асти која е дел од регионот Пиемонт, при што загинале четворица луѓе, од кои за тројца било утврдено дека се државјани на на Република Северна Македонија, наведува МНР.
ИРАН - Двајца мажи беа поради пиење алкохол јавно беа камшикувани во рекреативен комплекс во јужниот ирански град Сирџан, објави обвинителот на Сирџан, Мојтаба Гадими. Тој на 9 април рече дека двајцата мажи биле осудени на два месеци затвор и 280 часа општокорисна работа.
ГЕРМАНИЈА - На спортистите од Русија им се заканува забрана за влез во Германија, доколку им биде дозволено повторно да учествуваат на меѓународни спортски настани, изјави министерката за внатрешни работи Ненси Фезер.
УКРАИНА - Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја критикуваше Русија за изведување воздушни напади за врме на одбележувањето на Православните Цветници, додека руските сили продолжија со нападите на исток.
„Вака терористичката држава ги одбележува Цветници“, рече Зеленски во видео обраќање доцна на 9 април, осврнувајќи се на руските воени напади во градот Запорожје во југоисточна Украина, во кои загинаа татко и неговата 11-годишна ќерка.
МАКЕДОНИЈА - Владата на седница на 11 април се очекува да ги корегира цени на 11-те видови овошје и зеленчук кои ги замрзна минатата недела.