Министерот за здравство Фатмир Меџити најави дека тим од Државен здравствен и санитарен инспекторат и комисија од инспектори утре во битолската болница ќе ја утврдува точната причина за смртта на бебето на 24-годиш битолчанка. Бебето кое починало вчерае нов случај во битолската болница, откако пред десетина дена почина шестгошишната Јана.
„Како што видов во првичниот извештај, бебето живо било родено, со тахикардија, имало белодробно срцево осивување, а понатаму се ќе кажеме кога ќе имаме дефинитивни резултати од одговорните институции во државата“, рече Меџити кој денеска ја посети ЈЗУ Клиничка болница-Битола.
Видете и ова: Смртта на Јана со многу сомнежи и се уште без разврскаДодека се чека одговори од што точно починало бебето во Битола, надлежните институции се уште ги чекаат извештајите од обдукцијата и стручниот надзор за смртта на шестгодишната Јана почина која на 22 март во битолската клиничка болница само неколку часа откако била примена со оток на очите, болки во грлото и нозете и повраќање.
Меџити за време на денешната посети ЈЗУ Клиничка болница-Битола, рече дека разговарал со мајката на бебето и дека службите ќе утврдат како било постапено, а дека потоа ќе излезат со конечен извештај.
„Ако има пропуст, ќе има одговорност. Тука сме да видиме што е пропустот, што може да се подобри. Но исто така, и за Јана чекаме конкретен извештај од обдукцијата“, изјави Меџити.
Инаку таткото на 6 годишната Јана пред десетина дена изјави: „Не веруваме во системот“.
Семејството, роднини, пријатели и револтирани граѓани под мотото „Правда за Јана“ организираа и протест во Битола на кој, како што рекоа, бараат да се дознае вистината од што почина шестгодишното девојче.