Русија и Украина спроведоа уште една размена на затвореници, што резултираше со враќање на секоја од страните по околу 100 затвореници.
Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека 106 руски воени заробеници биле ослободени од Украина.
Видете и ова: ОН се загрижени за убиствата на заробените војници од руските и украинските силиАндриј Јермак, висок советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, пак, рече дека 100 Украинци се вратени во земјата.
„Меѓу нив има бранители на Мариупол, Азовстал и Гостомел. Некои луѓе се сериозно повредени и имаат болести“, објави Јермак на Телеграм.
„Ќе направиме се што е потребно секој од нив да ја добие сета потребна помош“, наведе Јермак.
Според Координативниот штаб за третман на воени заробеници, повеќе од 2.000 Украинци се ослободени од заробеништво од почетокот на руската инвазија.