Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја критикуваше Русија за изведување воздушни напади за врме на одбележувањето на Православните Цветници, додека руските сили продолжија со нападите на исток.
„Вака терористичката држава ги одбележува Цветници“, рече Зеленски во видео обраќање доцна на 9 април, осврнувајќи се на руските воени напади во градот Запорожје во југоисточна Украина, во кои загинаа татко и неговата 11-годишна ќерка.
„Вака Русија се става себеси во уште поголема изолација од светот, од човештвото“, додаде Зеленски, изразувајќи надеж дека Цветници следната година „ќе се одржи со мир и слобода за целиот наш народ“.
Видете и ова: Татко и ќерка загинаа во руски напад во ЗапорожјеУкраинската државна служба за итни случаи соопшти дека 50-годишен маж и неговата ќерка биле убиени, откако руските сили нападнале станбена зграда во Запорожје.
Украинската државна служба за итни случаи, исто така, извести дека 46-годишна жена, која ја опиша како сопруга и мајка на жртвите, била извлечена од урнатините.
Украинската армија извести за руски напади низ целиот фронт. Во соопштението објавено рано на 10 април, Генералштабот на вооружените сили на Украина наведе дека 58 непријателски напади биле одбиени во изминатите 24 часа, додавајќи дека Русија сè уште е фокусирана на градовите Лиман, Бахмут, Авдијивка и Мариинка во Регионот Доњецк.
„Најжестоките битки на посочениот дел од фронтот продолжуваат за Авдијивка и Маријнка, каде беа одбиени повеќе од 20 непријателски напади“, се додава во соопштението.
Во соопштението се наведува дека 30 руски напади биле одбиени во областите околу Бахмут, кој со месеци е под опсада на руските сили.
Серхиј Череватиј, портпарол на источната воена команда, на националната телевизија изјави: „Непријателот се обидува да го преземе нашиот град-тврдина по секоја цена“.
„Иако е исклучително тешко, ние сè уште ја контролираме ситуацијата. Нашите единици го задржуваат непријателот и нанесуваат максимална штета“, додаде тој.