Една година од рускиот напад на железничката станица во Краматорск

Жена положува цвеќе на споменикот во близина на железничката станица во Краматорск, во регионот Доњецк, 8 април 2023 година

Украинците во источниот град Краматорск денеска положија цвеќе на мал споменик во централната железничка станица каде пред една година руски проектили го погодија транспортниот центар.

Видете и ова: Четири деца меѓу загинатите 39 при рускиот ракетен напад на железничка станица во Украина

Во нападите на 8 април минатата година загинаа 61 лице, а повеќе од 160 беа повредени во еден од најсмртоносните напади во војната, чија цел беа цивили кои во моментот бегаа од руската инвазија.

Околу 4.000 цивили се обидуваа да се качат на возовите за евакуација кога станицата беше погодена од руска ракета.