Алтернатива нема да учествува во работната група за уставни измени, а причината за ваквата одлука, како што посочи генералниот секретар на партијата, Зекирија Ибрахими, е што за нив не може да има работни групи за изготвување или подготовка на уставните измени додека не се постигне политички консензус меѓу политичките партии за поддршка на овие измени, преку кој мора да се отвори патот кон интеграција на државата во Европската Унија.
„За нас не може да има работни групи за составување или подготовка на уставните измени без да има претходно политички консензус помеѓу политичките партии за поддршка на тие измени, преку кои треба да се отвори патот за интеграција на земјата во Европската Унија“, изјави на денешната прес-конференција генералниот секретар на Алтернатива, Зекирија Ибрахими.
Видете и ова: Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во работната група за уставните измениПретходно и од ВМРО-ДПМНЕ и од Демократски сојуз соопштија дека нема да учествуваат во работната група за измени на Уставот.
Инаку, рокот што Министерството за правда го постави во дописот до институциите и политичките партии да номинириаат претставници во работната група за измени на Уставот истекува во понеделник.
Работната група треба да го подготви текстот на уставните амандмани, вклучително и текстот на Преамбулата за внесување на Бугарите и други помали заедници во државата, неопходни за Македонија да почне со отворање на поглавјата во преговорите со Европската унија. Откако ќе бидат подготвени уставните амандмани во работната група, ќе бидат испратени во Собранието, каде за промената на Уставот е потребно да гласаат најмалку 80 пратеници.