Иранските власти инсталираат камери на јавни места и сообраќајници за да ги идентификуваат и казнуваат жените кои не го почитуваат кодексот на облекување.
Откако ќе бидат идентификувани, прекршителите ќе добијат „СМС пораки со предупредување за последиците“, се вели во соопштението на полицијата.
Видете и ова: Шефот на иранското правосудство: Без милост ќе ги гониме жените кои не носат хиџабСпоред шеријатскиот закон на Исламската Република, наметнат по револуцијата во 1979 година, жените се обврзани да ја покриваат косата и да носат долга, широка облека за покривање на нивните фигури. Оние кои ќе го прекршат законот се соочуваат со јавна опомена, парични казни или апсење.
Сè повеќе жени во Иран ги отфрлаат превезите по смртта на Махса Амини, 22-годишната девојка која почина во притвор во септември минатата година. Таа беше приведена поради наводно прекршување на правилата за носење хиџаб.
Месечните национални протести предизвикани од нејзината смрт беа насилно прекинати од властите.