Државниот пазарен инспекторат денеска спроведува акција за контрола на увозниците на овошје и зеленчук низ целата држава. Над 30 инспектори заедно со Управата за финансиска полиција и Управата за јавни приходи ќе ги контролираат производите по одлуката на Владата за замрзнување на цените на овошјето и зеленчукот.
„Со акцијата се опфатени увозници на зеленчук и овошје во Скопје, влезено е и на Кванташки пазар, а се вршат надзори и кај увозниците на големо во Струмица, Дебар и други градови“, потврди директорт на ДПИ Горан Трајковски за МИА.
Трајковски најави дека акцијата ќе трае во текот на денов, но оти сумирани информации за исходот ќе бидат објавени в понеделник од кога, како што посочува, ќе продолжат да се вршат постојано контроли исто како и во изминатиот период.
Видете и ова: Владата со корекции на замрзнатие цени -Доматите и краставицити ќе поскапатМинистерот за економија Крешник Бектеши, вчера најави дека на седница на Владата во вторник ќе бидат ревидирани дел од замрзнатите цени на овошјето и зеленукот нагласувајќи дека ќе продолжат контролите за тоа како е направен увозот во нашата држава за сите увозници на овошје и зеленчук за последните месеци и најави дека ќе следат санкции за сите увозници кои направиле увоз, а при тоа до Царинската служба поднеле лажни пониски фактури од реалните.
Одлуката за замрзнување на цените на 11 видови овошје и зеленчук е во сила од 5 април, а треба да трае до 30 април.