Цените на храната на светските пазари во март биле на најниско ниво во изминатата година и половина, објави на 7 април агенцијата за храна на Обединетите нации (ФАО).
Индексот на цените на кошничката основни прехранбени производи падна во март за 2,8 поени во однос на ревидираната вредност за февруари, на просечни 126,9 поени, што е најниска вредност од јули 2021 година.
Падот на индексот ја одразува изобилната понуда, пригушената побарувачка за увоз и продолжувањето на договорот што овозможува извоз на жито преку Црното Море, објаснува ФАО.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
„Иако цените на светско ниво паднаа, тие сè уште се многу високи и продолжуваат да растат на домашните пазари, што претставува дополнителни предизвици за безбедно снабдување со храна“, предупреди главниот економист на ФАО Максимо Тореро во соопштение.
Од 5 април до крај на месецот со владина одлука се замрзнаа цените на 11 видови овошје и зеленчук. Претходно Владата ги замрзна цената на лебот, па потоа и тестенините, млечните производи, јајцата, оризот и хигиенските средства.