Две Израелки загинаа, а трета е тешко повредена во престрелки на Западниот брег на 7 април, соопштија израелските власти, пренесува Ројтер.
Израелската армија соопшти дека било пукано врз возило во близина на Хамр.
Израел ја нападна инфраструктурата на Хамас во Појасот Газа во четвртокот како одговор на повеќе од 30 ракети истрелани од Либан на израелска територија, за што ги обвини палестинските групи.
АФП пренесува дека најмалку три експлозии се слушнале во Газа околу 23:15 часот, неколку минути пред израелската војска да објави дека „врши напади врз Појасот Газа“.
Во меѓувреме, се огласија и привремените сили на Обединетите нации (УНИФИЛ) распоредени во јужен Либан како тампон меѓу двете земји, кои тврдат дека Либан и Израел „не сакаат војна“.
Мировниците ги повикаа „сите страни да престанат со сите дејствија“ на двете страни на границата, по израелските напади рано наутро во петокот како одговор на ракетите истрелани кон Израел од либанска територија.
Нападот се случи еден ден откако израелската полиција упадна во џамијата Ал Акса во Ерусалим, третото најсвето место во исламот, за да ги истера Палестинците кои се забарикадираа таму.