Од Илинденска до Пекинг
УКРАИНА - Украина лансираше мобилна апликација во четвртокот за да помогне во пронаоѓањето на децата кои исчезнале за време на повеќе од 13 месеци руска инвазија, соопшти државната полиција. Киев проценува дека 19.544 деца биле депортирани во Русија за време на инвазијата, а само 328 се вратиле.
АЛБАНИЈА - Албанија и Обединетите Арапски Емирати потпишаа во Тирана договорот за сајбер-безбедност, што за премиерот Еди Рама е од извонредно стратешко значење "бидејќи се однесува на суверенитетот и интегритетот на земјата".
РУСИЈА / БЕЛОРУСИЈА - Рускиот претседател Владимир Путин не разговарале за распоредувањето на руското стратешко нуклеарно оружје, интерконтинентални балистички ракети, во Белорусија со неговиот колега Александар Лукашенко, твдеше денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
ИЗРАЕЛ - Милитантите истрелаа голем број на ракети од Либан кон Израел во четвртокот, соопшти израелската војска. Оваа ситуација ги принуди уѓето преку северната граница на Израел во засолништа за бомби, при што најмалку едно лице е рането. Ова ги зголемува регионалните тензии, за време на празничната сезона, исламскиот свет месец Рамазан и еврејската Пасха.
ИРАН - Демонстрантите излегоа на улициво иранската престолнина Техеран доцна на 5 април за да го одбележат роденденот на Хамид Реза Рухи, кој беше убиен во бруталното државно задушување на антивладините протести предизвикани од смртта во притвор на 22-годишната Махса Амини по нејзиното приведување од полицијата за морал.
КОСОВО - Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека институциите ги прават сите подготовки за организирање на вонредни избори на 23 април во четири општини на северот на Косово: Северна Митровица, Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ.
ЛИТВАНИЈА - Литванија бара отштета до 120 милиони евра од Белорусија, обвинувајќи го својот источен сосед дека ја организирал имиграцијата на илјадници луѓе, главно од Африка и Блискиот Исток.
МАКЕДОНИЈА - Членовите на таканаречената „Огнена група“ на владејачката партија ДУИ денеска соопштија дека официјално почнуваат да фунционираат како фракција на партијата. Тие велат дека меѓу нив и ДУИ има разлики во ставовите околу спроведувањето на албанскиот јазик во пракса и изнесе неколку предлози за власта, меѓу кој и да се тргне од Уставот формулата „20 проценти“.
МАКЕДОНИЈА - Директорот на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) Васко Ковачевски поднел оставка поради лични причини. Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека за оваа тема разговарале уште минатата година, но одлучиле оставката да биде одложена до завршувањето на зимската грејна сезона и справувањето со енергетската криза.
МАКЕДОНИЈА - Запленета е 100 килограми високо квалитетна марихуана која најверојатно потекнува од легална фабрика за производство на масло од канабис медицински цели, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
МАКЕДОНИЈА - Скандалозно е барањето на Софија да учествува во процесот на уставните измени во земјава, оценува македонскиот претседател Стево Пендаровски. До оваа реакција доаѓа откако бугарскиот технички министер за надворешни работи Николај Милков вчера изјави дека Бугарија би сакала да биде вклучена и консултирана во постапката за впишување на Бугарите во Уставот на Северна Македонија.
ФРАНЦИЈА / КИНА - Францускиот претседател Емануел Макрон ја започна серијата состаноци со кинеските лидери во Пекинг. Макрон во посета на Пекинг е заедно со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. И Макрон и фон дер Лајен рекоа дека сакаат да ја убедат Кина да го искористи своето влијание врз Русија за да донесе мир во Украина, или барем да го одврати Пекинг директно да ја поддржи Москва во конфликтот, пренесе новинската агенција Ројтерс.