Германските министерствата, полицијата, како и интернет-страниците на покраинските институции веќе трет ден се изложени на големи хакерски напади. Канцеларијата на јавниот обвинител соопшти дека постојат индиции за проруска заднина на овој хакерски напад кој ги парализираше веб-страниците на голем број германски институции.
„Претпоставуваме дека нападите во различните сојузни покраини биле координирани. Немаше штета, освен што веб-страниците беа привремено недостапни“, изјави германската министерка за дигитални медиуми на Саксонија-Анхалт, Лидија Хускенс.
Видете и ова: Данска го подигна нивото на тревога за сајбер ризик по руските нападиВо провинцијата Тирингија во средата наутро веб-страниците на Министерството за внатрешни работи и на полицијата беа нападнати од хакери од Германија и од странство. Поради нападот беше оневозможен пристапот до веб-страниците на властите во Берлин.
Во вторникот веќе беа познати хакерските напади на веб-страниците на министерствата или полицијата во покраините Мекленбург-Западна Померанија, Долна Саксонија и Саксонија-Анхалт.
Масовните хакерски напади од странство врз германските институции уследија една недела откако Германија одлучи да испрати дополнителна воена помош во вредност од 12 милијарди евра за Украина.