Францускиот претседател Емануел Макрон ја започна серијата состаноци со кинеските лидери во Пекинг. Макрон во посета на Пекинг е заедно со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Фрацускиот претседател се сретна со премиерот Ли Џианг, кој го поздрави Макрон во Големата народна сала, пред средбата со претседателот Си Џинпинг.
Видете и ова: Макрон во Пекинг: Кина има „водечка улога“во постигнувањето мир во УкраинаИ Макрон и фон дер Лајен рекоа дека сакаат да ја убедат Кина да го искористи своето влијание врз Русија за да донесе мир во Украина, или барем да го одврати Пекинг директно да ја поддржи Москва во конфликтот, пренесе новинската агенција Ројтерс.
Првото патување на францускиот претседател во Кина по четири години е во знак за војната во Украина, а официјален претставник од неговиот кабинет им изјави на новинарите дека ќе се обиде да остане цврст во преговорите со Џинпинг, пренесува агенцијата Франс прес.
Целта на посетата на Макрон меѓудругото е и зачувување на трговските врски на Кина со Европа, како и заштита на француските интереси во азиско-пацифичкиот регион.