Поради важноста за реализација на започнатите проекти за изградба на патните правци Скопје - Блаце, Кичево - Букојчани, железницата Кичево - Лин, заедничките гранични контроли со Република Албанија и Република Косово и реализацијата на Коридорот 8, Владата на Република Северна Македонија го назначи Артан Груби, прв заменик на премиерот, за координатор за следење на работите и за координација на сите активности, со цел нивна навремена реализација, соопшти владината прес-служба.
Видете и ова: Проектот за коридорите 8 и 10 ќе добие особено значење во ДКСКАвтопатите што треба да ги гради Бехтел и Енка, уште не почнати, се соочуваат со скандали. Прво се заобиколија закони и се донесе нов закон „во четири очи“ за таа цел. Имаше проблеми и со изборот на надзор. Првиот обид пропадна поради руска врска, а и вториот се поврзува со скандали.
Проектот беше официјализиран вчера на настан кај наплатната рампа на автопатот Тетово - Гостивар, една од четирите делници што ќе се градат во вкупна вредност од 1,3 милијарди евра. Останатите три делници опфатени со договорот со изведувачот „Бехтел и Енка“ се Гостивар - Букојчани, Требениште - Струга - Ќафасан и Прилеп - Битола.