Блинкен: Русија неправедно го приведе новинарот на „Волстрит журнал“

Американскиот државен секретар Антони Блинкен

Американскиот државен секретар Антони Блинкен изјави дека нема сомнеж оти Русија неправедно го приведе новинарот на американскиот „Волстрит журнал“, кој минатата недела беше уапсен под обвинение за шпионажа, пренесе агенцијата АП.

Блинкен рече дека формалната одлука на Владата за неоправданиот притвор на Еван Гершкович се уште не е донесена но нагласи дека овој случај е приоритетен.

Кога американската влада официјално ќе прогласи дека Американец е незаконски приведен, случајот се префрла во специјализирана филијала на Стејт департментот - која е фокусирана на преговори за ослободување на затвореникот.

Оваа одредба ѝ дава на Владата овластување да користи различни алатки, вклучително и дипломатија, за да обезбеди ослободување на заробениот Американец.

„Според мене, нема сомнеж дека Русија го приведе незаконски и токму тоа му го кажав на министерот за надворешни работи (Сергеј) Лавров кога разговарав со него викендот и инсистирав Еван веднаш да биде ослободен“, изјави Блинкен за новинарите во седиштето на НАТО. во Брисел.

Блинкен, исто така, ја повика Русија веднаш да го ослободи уште еден затворен Американец, Пол Вилан, за кој веќе беше утврдено дека е неправедно приведен.

Адвокатите на Герскович, кој израснал во Њу Џерси како син на имигранти од Советскиот Сојуз, поднеле жалба за неговото апсење. Волстрит журнал остро ги негираше обвинувањата и повика на негово ослободување.

Американските власти, исто така, ја повикаа Русија да го ослободи, а претседателот Џо Бајден им рече на новинарите во петокот дека неговата порака до Русија е: „Пушти го да си оди“.

Видете и ова: Вол Стрит Журнал го обвинува Путин дека држи Америкаци како заложници

ФСБ, највисоката руска безбедносна агенција и наследник на КГБ, објави дека Гершкович, наводно, се обидувал да добие доверливи информации за руска фабрика за оружје. Тој е првиот американски дописник кој е уапсен под обвинение за шпионажа по Студената војна.

Во резимето на телефонскиот разговор во неделата, руското Министерство за надворешни работи рече дека Лавров „го привлекол вниманието на Блинкен на потребата да се почитуваат одлуките на руските власти“ за Гершкович, за кој Москва вели дека е „фатен на дело“.

Кремљ соопшти дека Лавров, исто така, му рекол на Блинкен дека е неприфатливо американските официјални претставници и западните медиуми да продолжат да „подигаат тензии и да го политизираат“ притворањето на новинарите.

„Неговата понатамошна судбина ќе ја одреди судот“, рече Лавров.

Главниот уредник на Журнал Ема Такер оцени дека разговорот на Блинкен со Лавров бил смирувачки и дека покажува дека американската влада го третира случајот на највисоко ниво. Американските конзуларни претставници во Русија побараа посета на Гершковиќ, но не беше најавено дека ќе биде одобрена.