Полска работи на добивање дополнителни безбедносни гаранции за Украина на самитот на НАТО што ќе се одржи во јули во главниот град на Литванија, изјави полскиот претседател Дуда на заедничката конференција со украинскиот претсeдател Володимир Зеленски кој е во посета на Полска.
„Се обидуваме да добиеме за Украина на следниот самит на НАТО во Вилнус дополнителни безбедносни гаранции кои ќе го зајакнат воениот потенцијал на Украина“, рече Дуда на заедничката прес-конференција со неговиот украински колега Володимир Зеленски.
Посетата е ретко излегување на Зеленски од Украина по стартот на руската инвазија во февруари 2022 година. Иако следи по посетите на САД, Велика Британија, Франција и Белгија, таа се издвојува од другите бидејќи беше однапред објавено без да се држи во тајност патувањето како претходно.
На претседателот му се придружи и првата дама Олена Зеленска.
Сепак, патувањето во Варшава е пред се благодарност до земјата која е важен меѓународен поддржувач на Украина од почетокот на руската инвазија, пишува агенцијата Асошиејтед прес (АП).
Видете и ова: Русија гранатира во источна Украина, Зеленски во посета на ПолскаПолска, која се наоѓа на источното крило на НАТО, се чувствува особено загрозена од Русија и е еден од водечките поборници за воена помош. Полска, членка на НАТО и на Европската унија, ја модернизира својата војска со нарачки за тенкови и друга опрема од американски и јужнокорејски производители, додека САД исто така го зголемија своето воено присуство во Полска. Варшава е клучен сојузник на Украина по целосната инвазија на Русија минатата година, а исто така стана центар за хуманитарна помош и транзит на оружје за Украина.
Покрај средбата со Дуда и премиерот Матеуш Моравјецки, Зеленски ќе присуствува на економски форум фокусиран на обновата на Украина и ќе се сретне со некои од Украинците кои нашле засолниште во Полска.